Најголемата магнетна бура во последните 2 години вчера ја погоди Земјата. Можноста за срцеви напади и мозочни удари се зголемува токму за време на геомагнетните нарушувања.

Според научниците, ова се должи на активноста на Сонцето. Дел од научната јавност вели дека оваа магнетна бура не е најсилната која ја подила Земјата, затоа што истата е на третото ниво на скалата од 5 нивоа. Бури од оние најсилните ја погодуваат Земјата на секои 10 до 20 години.

Оваа најнова магнетна бура ќе трае околу 24 часа и може да предизвика проблеми за метеопатите.