Нобеловец предлага дополнителен данок на приход за Facebook

Дополнителен данок на приход од рекламите кои ги пласира Facebook би можел да ја натера таа, но и други компании да не бидат вшмукувачи за лични податоци на корисниците, оцени Пол Ромер, добитник на Нобеловата награда за економија.

Тој тврди дека дигиталните платформи можеби и не се толку големи за да пропадна, но се премногу големи за да им се верува.

– И покрај повикот на Марк Закерберг за ново законодавство и регулација, тие можеби се преголеми за да можат да се регулираат – истакна Ромер за Дојче веле.

Тој оценува дека наместо законско ограничување на овие компании, попаметно е да се воведат дополнителни прогресивни даноци на сета заработувачка од реклами кои користат таргетирање. Тоа се рекламите кои на корисниците им се појавуваат врз основа на нивните лични податоци – како на пример кога некој преку пребарувачот Гугл бара половен автомобил, а потоа на Facebook му се појавува реклама за половни автомобили.