За најновата генерација на LCD моделот, кој доаѓа како наследник на iPhone XR, Apple подготви и две нови бои, според наводите на најновиот извештај.
Наследникот на iPhone XR за 2019 година ќе дебитира во линија која се состои од шест варијанти на бои, при што Apple сака да отфрли две бои кои беа достапни за претходниот модел и да ги заменат со сосема нови. Јапонскиот сајт Macotakara открива дека најевтиниот iPhone оваа година ќе се продава во бела, црна, жолта, специјално црвено издание, како и во зелена и лаванда боја. Последните две бои ќе ја заменат тековната корална и сина опција.
Наследникот на iPhone XR ќе има значителна надградба во споредба со минатогодишниот модел. Се очекува процесор Apple A13, а уредот треба да добие две камери на задната страна (наместо една), како и други подобрувања.
Извор: Benchmark.rs