Кина го изгради најголемиот аеродром во светот наречен „Морска ѕвезда“. Аеродромот кој се наоѓа јужно од центарот на Пекинг ќе се простира на 700.000 квадратни метри, околу 100 фудбалски терени. Изданието се наоѓа на границата меѓу округот Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи.
Денес ќе се направи првиот пробен лет. Ентериерот ќе има градини, украсени пејсажи, но и одвоени патнички површини како за домашните така и за меѓународните патници. Аеродромот има четири писти и 620.000 летови годишно. На годишно ниво ќе може да опслужи и до 100 милиони патници и 4 милиони тони товар годишно.
Пробните летови нема да бидат класично комерцијални. Авионите на кинеските компании ќе слетуваат на аеродромот, а пробните летови ќе траат околу еден час. Четирите писти на овој аеродром минатата недела ја минале инспекциската контрола, а сите градежни и технички инфраструктурни работи се одвиваат по планот.
Терминалот ќе биде поделен на дел за домашни и меѓународни летови. Површински, тоа ќе биде најголемиот аеродром на светот.
Се очекува сите работи да бидат завршени до 30 јуни, а отворањето е планирано за 30 септември. Веќе во 2001 година би требало аеродромот да го користат 45 милиони патници, а до 2025 година 72 милиони патници.
Поврзани артикли