Intel на саемот Consumer Electronics Show во јануари оваа година го претстави проектот Athena, иако тогаш од компанијата не открија премногу детали за што точно станува збор.
Се чини дека овојпат конечно дознавме за што станува збор, откако исплива една конкретна цел од тој проект – девет часа автономија на преносните компјутери во услови на нормално користење.
Секако, тоа и натаму не открива премногу, барем додека не дознаеме што значи тоа „траење на батеријата во нормални околности“, а како што пренесува Engadget, тоа би требало да опфати сурфање на интернет, низа на отворени апликации во позадина и високо осветлување на екранот.
Таквиот резултат би требало да биде постигнат со комбинација на оптимизирање на софтверските системи и воведување на штедливи хардверски компоненти. Се споменуваат и посебни SSD дискови, 10-нанометарски чипови од серијата Lake на Intel и Wi-Fi 6 меѓу другото.
Целта е корисниците да не мора да го носат полначот со себе, освен кога подолго време ќе бидат одвоени од штекерот.
Издржливите батерии најпрвин ќе бидат достапни на најскапите уреди, за потоа во 2020-та и 2021-ва годинна да станат подостапни.
Извор: Tportal.hr