Samsung го претстави паметниот звучник Galaxy Home пред 9 месеци, но уредот се уште не се продава. Пред два месеца, Ди Џеј Кох, кој управува со мобилниот бизнис на Samsung, рече дека продажбата ќе започне во април, но тоа не се случи.
Претпоставките се дека компанијата го напуштила развојот на уредот, но според „SamMobile“ тоа не е случај. Извори на сајтот тврдат дека Samsung се уште планира да го лансира Galaxy Home на пазарот и неговата премиера веројатно не е далеку.
Корејската компанија ги средува финалните проблеми со апликацијата за управување со уредот, што од своја страна покажува дека не се откажала од неговиот развој.
Преку апликацијата ќе се прават сетинзите на Galaxy Home, а покрај тоа ќе се користи за управување со неговите параметри и поврзаните услуги Bixby.
Уредот ќе биде дел од екосистемот на компанијата на паметни уреди за дома и може да се користи за управување со нив преку гласовни команди.