Креирањето на прилагоден течен разладен систем за многу ентузијасти претставува вистинско задоволство, но овој процес исто така бара и доста внимателно планирање и прецизно мерење за се да изгледа добро. Alphacool сака споменатиот процес да им го олесни на PC ентузијастите, со помош на својата Eiszapfen ласерска опрема.
Eiszpafen ласерската опрема се заштрафува во радијатор или разладен блок, а потоа се појавува ласерски зрак за да покаже каде точно е потребно да се постават подводните цевки. Со ова значително се олеснува одредувањето на конкретните мерки.
Оваа опрема користи стандарден G 1/4″ слот, така што ќе биде компатибилна со целата прилагодена опрема за течно ладење. Присутен е и 50cm долг кабел со 4-пински молекс конектор, со кој е можно поврзување на напојувањето.
Комплетниот пакет Alphacool Eiszapfen ласерска опрема е достапен преку сајтот на компанијата, по цена од 9,95 евра.
Поврзани артикли