Нов чип може да спречи хакерски напади пред да почнат

Универзитетот во Мичиген разви нова процесорска архитектура која би можела значајно да ја подобри безбедноста на уредите на кои се наоѓа. Овие чипови, кои не е можно да се хакираат, практично ќе можат да ги спречат нападите пред тие воопшто да почнат. Овој метод, исто така, би можел да го замени актуелниот модел на безбедносна заштита преку исправка на багови.

MORPHEUS чипот ова може да го оствари со енкрипција и случајно преместување на важните делови на сопствениот код и податоци до 20 пати во секунда. Ова е многу побрзо од времето кое на човечките хакери би им овозможило да применат електронски техники на хакирање, за да им пристапат на системите.

“Луѓето константно креираат кодови, а се додека постојат нови кодови, ќе постојат и нови багови и безбедносна ранливост”, истакна Тод Остин, професор од Универзитетот во Мичиген и креатор на новиот систем. Според неговите зборови, со MORPHEUS, дури и доколку хакерот би пронашол баг, информацијата која би можел да ја компромитира би исчезнала 50 милисекунди подоцна. Ова претставува најблиска работа до превентивно осигурување на системот, според зборовите на Остин.