Chrome 74 и официјално е достапен за корисниците на Windows, Mac и Linux, а со тоа е достапна и темната верзија на пребарувачот за сите корисници на Windows 10.
Крајниот резултат прави Chrome да изгледа речиси идентично како потемната инкогнито верзија на пребарувачот. Иако Google ја овозможи оваа нова темна верзија за Windows, таа сè уште не е достапна за сите корисници.
– Можеме да потврдиме дека сега оваа функција е достапна за мал број корисници на Chrome M74 и дека ќе стане подостапна во блиска иднина – објаснуваат од Google.
Ако не сакате да чекате Google да ви го овозможи ова, има еден трик со кој можете да си добиете темна верзија на пребарувачот.
1. Најдете ја иконата што ја користите за да го отворите Google Chrome, кликнете на десниот клик и одете во Properties;
2. Додајте –force-dark-mode на крајот од Target;
3. Отворете го пребарувачот и темната верзија ќе ви биде достапна.
Во Chrome отсекогаш имало мотиви преку кои можете да си добиете темна верзија, но оваа официјална верзија сега значи дека контекстните менија се со соодветен мотив.
Chrome 74 е достапен за преземање на страницата на Google Chrome или, пак ако одите во Help > About Chrome ако веќе го користите пребрувачот.
Извор: The Verge
Поврзани артикли