На сателитските снимки направени пред година дена над Антарктикот, научниците на средината на масивниот антарктички лед забележале дупка широка илјадници километри. Дупката се формирала над Веделовото море.
Експертите велат дека биле збунети од ваквата слика и дека е зачудувачки е како од 70-те години од минатиот век кога имале инструмент да ја регистрираат дупката, тие не успеале да ја забележат.
Сега велат дека имаат неколку теории за тоа како настанала истата. Експертите сметаат дека дупката настанала за време на силниот циклон кој се случил во септември 2017 година.
Научниците сметаат дека новите информации за настанатата дупка ќе им бидат од големо значење, првенствено затоа што ги добиваат во добата на климатските промени. Тие сметаат дека растечките температури можат да ја изменат силата и фреквенцијата на поларните циклони и да влијаат на промените на дупките и океаните.
Кога дупката во ледот за прв пат е забележана на средината на септември 2017 година, таа зафаќала околу 9,5 илјади квадратни километри. На средината на октомври, истата се проширила на 80.000 квадратни километри. За време на летото, со топењето на ледот на Антарктичкото Јужно море, дупката се споила со отворениот океан.
Отворот се наоѓал непосредно над огромната подводна висорамнина Мод Рајз, каде ваквите слични отвори во антарктичкиот океански лед се забележани на сателитските снимки во седумдесетите години од минатиот век.
Ова веројатно не е случајност, смета Дејвид Холанд, автор на една студија направена за Истражувачкиот институт на Универзитетот Њујорк во Абу Даби. Тој објаснил дека на подводната висорамнина Мод Рајз, забележал топла, густа, солена вода, која обично се задржува во близина на морското дно и истата се потиснува на површината.
Со наидување на големата бура, дошло до мешање на топлата вода со студената, свежа вода на површината на Веделовото море. Комбинирајќи ги сателитските снимки и климатските модели, научниците утврдиле дека отворањето на дупката, се поклопило со циклонот кој се формирал над подводната висорамнина.
Научниците веруваат дека циклонскиот ветер го турнал ледот од центарот кон надворешноста, создавајќи дупката да продолжи да се шири и во наредниот период.