Apple минатиот месец ја претстави втората генерација на своите безжични слушалки AirPods, но пред крајот на оваа година би можеле да ја видиме новата верзија.

DigiTimes пишува дека новите AirPods слушалки ќе имаат функција за поништување на бучавата. Можноста за блокирање на надворешниот звик била дел од претходните шпекулации за претходно претставениот модел, но изгледа дека сепак ќе биде карактеристика за новиот модел.

Познатиот аналитичар Минг Чи Куо исто така тврди дека Apple кон крајот на оваа година ќе претстави нови слушалки, но не еден туку два модели. Еден од моделите на третата генерација ќе биде малку поразличен од актуелниот и ќе донесе подобрен чип за безжична технологија и издржлива батерија, а наводно ќе чини 159 долари.

Втората верзија исто така е во развој и ќе усвои сосема нова форма. Промената на дизајнот дополнително ќе се наплаќа, така што купувачите веројатно ќе мора да издвојат повеќе од 200 долари. Толку чинат и актуелните AirPods слушалки со куќиште за безжично полнење.

Кога сме веќе кај безжичното полнење, тоа е една од гласините кои станале реалност во случај на втората генерација на слушалките AirPods. Поништувањето на бучавата, отпорноста на вода, можност за следење на здравствени индикатори и црна верзија се исто така помеѓу гласините, но тие не се остварија, но можеби ќе се остварат кога ќе пристигнат новите модели.

Извор: Klix.ba