Дизајните на телефоните со засек (notch) прв пат се појавија во текот на 2017. година, а производителите оттогаш пробуваа различни варијанти на своите уреди – од исклучително широки до посуптилни засеци во облик на капка. Меѓутоа, засега се уште никој не успеал да имплементира обратен засек, каков што Xiaomi го сугерира во својот најнов патент.
Во обидот на креирање на евтин телефон, кој има и дисплеј без рамки, Xiaomi во својот патент има визија за уред кој го карактеризираат минимални рамки и многу голема испакнатина во врвот на уредот. Ова изгледа како обратен notch, во кој се сместени две селфи камери и in-ear слушалка.
Патентите често се добра индикација на она што може да се очекува од смартфон брендовите во иднина. Но, исто така, некои од патентите никогаш не ја здогледуваат светлината на денот на комерцијалните производи и остануваат само документација на осигурувањето во борба против конкуренцијата.