Покрај опцијата која ги покажува локациите на станиците за полнење на електрични автомобили, Google Maps ја додаде и онаа која покажува дали е активна најблиската станица. Функционалноста засега е достапна во Велика Британија и САД, за станиците Chargemaster, EVgo и SemaConnect, а наскоро и ChargePoint.
Google овие локации за станиците за полнење на Maps ги додаде во октомври 2018, и корисниците во тоа време можеле да видат каде се наоѓаат станиците, колкава е силата на полнење, цените и оценките на другите возачи. Со последното ажурирање пристигнува и опцијата со која корисниците ќе можат да знаат дали станицата е во функција пред да стигнат до неа, што ќе им заштеди значајни количини на време, и ќе им помогне да го наполнат своето возило на време.
Интересно е дека на листата не се нашле Superchargers станиците на компанијата Tesla, и покрај тоа што биле дел од најавите кои можеле да се слушнат во текот на 2018. година. Иако можат да се видат на листата на станици, корисниците не добиваат информации за тоа дали Tesla станиците се активни.