Русија ја претстави најдолгата подморница на светот (ВИДЕО)

Руската војска на прилично таинствена церемонија, без присуство на новинари, во бродоградилиштето Севмаш кај градот Северодвинск на северот на земјата, ја нурна во море својата, но и генерално, најголемата подморница досега.

Оваа нуклеарна подморница е развивана и изградена како подморница од класата Projekt 949A (NATO класа – Oscar II).

Под кодното име Projekt 09852, изработката на основниот модел почнала уште во 1992. година, но во меѓувреме снемало пари, па проектот прекинал во 2012. година, по што е одлучено дека подморницата ќе се претвори во пловечки објект за посебни мисии. Трупот е продолжен на дури 184 метри, а товарот е зголемен на 30.000 тони. Конечно, ова испадна најголема подморница на светот и ќе биде една единствена изработена во овој облик. Морнарицата би требало да ја добие на користење следната година откако бидат завршени фабричките тестирања.

Белгород под море

Новата подморница е именувана Белгород (буквално, бел град). Во војната употреба ќе ги носи подводните автономни нуклеарни трпеда од типот Посејдон, најмногу шест од нив, наведувани со вештачка интелигенција. Рускиот претседател Владимир Путин се фали како Посејдоните можат да ги погодат целите на брегот оддалечени и до речиси 10.000 километри, да ја избегнуваат подводната одбрана на NATO и да бидат во можност да ги погодуваат целите во Европа или на источниот брег на САД.

Белгород за целите на лансирање на други мали подморници и подводни дронови ќе има и сопствено подводно пристаниште. Нејзината “посебна мисија” за која е всушност изработена – ќе служи како матичен брод за флотата на помалите пловечки објекти. Најголемата длабочина на нуркање на Белгород ќе изнесува околу 500 метри.

Се надеваме дека Русите, баш како и Шпанците се пресметале и дека оваа подморница ќе ја собере во предвиденото пристаниште.