Поевтин Nintendo Switch би можел да биде објавен до крајот на јуни

Претходни гласини сугерираа дека Nintendo можеби работи на поевтина верзија на својата Nintendo Switch конзола, која би можела да се појави наесен во 2019. година. Овие гласини сега се потврдени со извештајот на Bloomberg, кој истакнува дека поевтината верзија на Switch би можела да се појави до крајот на јуни.

Интересно е дека E3 2019 се одржува токму во јуни, што би била идеална прилиа за најава на нова конзола и не би било изненадување доколку Nintendo одржи некој вид на најава, а потоа неколку недели подоцна го пласира уредот на пазарот.

Кога е во прашање разликата помеѓу постоечкиот и идниот модел, последните информации сугерираа дека поевтиниот Switch ќе се фокусира на преносливост. Конзолата нема да може да се поврзе на ТВ како актуелниот Switch, а исто така нема да има отстранливи Joy-Con контолери.

Наведените информации е потребно да се земат со резерва, а гласините исто така сугерираат дека покрај поевтиниот модел може да се очекува и надграден модел на Nintendo Switch, кој би можел да пристигне подоцна во текот на годината.