Помала и поевтина верзија на Nintendo Switch пристигнува наесен

Помалата верзија на Nintendo Switch играчката конзола, за која подолго време кружат гласини, ќе биде претставена оваа есен, јавува јапонскиот магазин Nikkei.

Како што е претходно објавено, овој уред е помал и прилагоден за попреносна репродукција, но според новите информации, ќе биде задржана можноста за поврзување со телевизор.

Помалиот Nintendo Switch пристигнува во пресрет на претставувањето на помоќната нова генерација на рачната конзола, која ќе има подобрени можности наменети за страствените гејмери.

Претходно се појавија информации дека две нови Nintedo Switch конзоли ќе бидат претставени ова лето, но сепак дури наесен ќе пристигне помалата конзола.

Да потсетиме, помалиот Nintendo Switch ќе биде поевтин, а веројатно ќе биде ускратен за вибрација. Повеќе детали за поскапиот модел се уште не се познати.

Во извештајот на јапонската публикација се наведува и дека Nintendo се соочува со предизвиците за развој на мистериозен бизнис под името “Quality of Life” (Квалитет на животот). Ова е проект на следење на сонот, кого го предводеше бившиот претседател на Nintendo, Сатору Ивата, кој почина во 2015. година. Меѓутоа, Нинтендо неодамна изрази сомневање во одржливоста на овој бизнис и не е сигурно што ќе се случува во иднина.