SpaceX ја изгуби централната ракета на Falcon Heavy

Компанијата SpaceX минатата седмица успешно ја спушти централната ракета на Falcon Heavy на дрон-бродот, но таа сепак случајно падна во океанот во текот на транспортот на брегот на Флорида.

“Во текот на викендот, нашиот тим поради тешките услови на море не успеа да го осигура централното јадро, односно booster-от при враќањето во Порт Канаварал. Како се влошуваа условите, booster-от почна да се движи и не можеше да остане исправен. Се надевавме дека ќе го вратиме на копно недопрен, но сугурноста на нашиот тим секогаш е најважна. Не очекуваме дека ова ќе влијае на идните мисии”, се наведува во соопштението на компанијата SpaceX.

Централната ракета всушност е модификувана Falcon 9 ракета, една од трите која ја сочинуваат Falcon Heavy. Лансирана беше четврток, 11. април од Кејп Канаверал на Флорида во текот на вториот лет на ракетата Falcon Heavy. Ова беше прв пат ракетата да лета по повеќе од една гоидна, по дебито во февруари, 2018. година, како и прва комерцијална мисија за Falcon Heavy.

По полетувањето, сите три ракети се успешно вратени на земјата, две слетаа на две бетонски подолги, додека третата слета на дрон-бродот под името “Of Course I Still Love You” во Атлантскиот океан. Ова беше прв пат SpaceX да изврши тространо слетување. Во текот на првиот лет, надворешните ракети успешно слетаа, додека централната го промаши дрон-бродот во целост и заврши во океанот.

Следната мисија на ракетата Falcon Heavy е на распоред во текот на летото.