Американската компанија Boston Dynamics ги научи своите роботи Spot Mini на нов трик, а овој пат група роботски кучиња покажале како можат да влечат камион.
Досега можевме да видиме како Spot Mini подигнува објекти, се качува по скали, отвора врата, се бори со човек, прави салто…Сега во новото видео се прикажани десет роботи кои извршуваат заедничка работа – влечат камион.
Од Boston Dynamics исто така најавија дека нема повеќе да произведуваат Spot Mini, а купувањето на роботи ќе им биде овозможено само на избрани клиенти. Кучето робот всушност нема да биде достапно на слободна продажба.
Spot Mini за првпат беше претставен во 2107 година како напредна верзија на својот претходник. Многумина тогаш искоментирале дека кучето изгледа страшно, иако од компанијата со неговите флексибилни движења настојувале да го направат што поприродно. Роботот е осмислен како асистент кој на сопственикот може да му собира и носи различни предмети.
Да се потсетиме, Spot Mini е тежок 30 килограми, а висок околу 0,84 метри. Тој во целост е електричен робот кој со едно полнење може да работи 90 минути.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли