Во текот на втората половина од оваа година, Amazon се очекува да претстави нов производ на пазарот – безжични слушалки. Ова претставува обид на продажниот гигант да се натпреварува со својот најголем ривал Apple, којшто веќе ги има популарните AirPods.
Новите слушалки ќе имаат вграден пристап до гласовниот асистент Alexa и ќе можат да се “сместат“ во ушите без дополнителни прицврстувачи. Со нивна помош, корисниците ќе можат да прават нарачки, да слушаат музика, временска прогноза и останати информации, а преку допир ќе се контролира телефонскиот повик и менувањето на песните.
Производот е еден од најважните проекти на Lab126, хардверската дивизија на Amazon. Слушалките нема да имаат вградена мобилна конекција и ќе треба да бида поврзани со смартфон. Тоа значи соработка со Apple и Google, како што компанијата веќе прави за апликациите поврзани со Alexa.
Слушалките ќе бидат спакувани во футрола што ќе има функција и како полнач со стандарден USB кабел. Се очекува слушалките да “пристигнат“ во сива и црна боја.
Поврзани артикли