NASA ќе му плати на SpaceX да бомбардира астероид (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција го најми SpaceX за истражување на можностите за поместување на астероид од својата патека со лансирање на проектил во него.

SpaceX минатата недела одработи многу успешно и спектакуларно полетување на Falcon Heavy и слетување на неговите три погонски ракети. Овој и сличните потфати на компанијата на Елон Маск веќе донесоа прилично лукративни договори со NASA, а пред неколку дена, Американската вселенска агенција имн додели уште една работа. Се работи за футуристички концепт виден во холивудските филмови –  SpaceX, имено, ќе добие 69 милиони долари да лансира ракета кон астероидот и да проба да ја помести од патеката.

Програмата наречена Double Asteroid Redirection Test (DART) има за цел да покаже колку е изводливо да се погоди астероид со проектил, за да се влијае на неговата патека. Освен тоа, проектот ќе покаже и за кое време може да се подготви една таква мисија.