Новиот клуч ќе го добијат два од најпопуларните модели на Ford
Идните сопственици на моделите Fiesta и Focus ќе бидат побезгрижни во иднина кога станува збор за кражба на автомобилите со „фаќање на сигналот“. Имено, денес автомобилите се повеќе се крадат со скенирање на сигналот во моментот на комуникација помеѓу клучот и автомобилот и преземање на кодот.
На пример, во Англија и Велс, бројот на такви кражби од 65.783 регистрирани во 2013 година пораснал на дури 85.688 во 2017 година, а сличен пораст бележат и другите западно-европски пазари. Оваа состојба воопшто не е изненадувачка бидејќи скенерите можат да се купат преку Интернет, а за кражба на автомобили обично се доволни околу десет секунди.
Fordовиот клуч сега има т.н. Sleep Mode, режим во кој не е во интеракција со автомобилот, а со тоа и не е изложен на опремата на потенцијален крадец. Ова едноставно и ефикасно решение станува активно откако клучот нема да се помести најмалку 40 секунди.
Во Ford, тие велат дека таков клуч може да си купат и сегашните сопственици на овие модели, по цена од 65 за Fiestа и 72 британски фунти за Focus (цени за Велика Британија).
Извор: Додај Гас