Веќе се претставени првитe паметни телефони со екрани на свиткување, но барем во моментот нивната висока цена ги одалечува од повеќето кориснци.
Производителите на ваков тип панели се свесни за проблемот и работат напорно да ги намалат трошоците за производство и секако цената на финалниот производ.
Кинеската компанија BOE, еден од најголемите на пазарот, вели дека цените на паметните телефони со дисплеи на преклоп ќе се намалат релативно брзо. Заменик-претседателот на компанијата, Јан Ју изнесе мислење дека до 2021 година овие уреди ќе чинат околу 10.000 јуани, што е околу 1.490 долари, за разлика од сегашната цена од над 2000 долари.
Ју, исто така, потврди дека Huawei најверојатно наскоро ќе влезе на пазарот на паметни телевизори, откако не негираше дека компанијата купила ТВ панели од BOE.
Поврзани артикли