Американската компанија за истражување на вселената, SpaceX, успешно ја заврши првата оперативна мисија за тројно приземјување на трите дела на најмоќната ракета на светот, Falcon Heavy.
Две од ракетите слетаа на платформата на вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида, а третата беше приземјена на приватната платформа на SpaceX на Атлантскиот Океан.
Првпат во својата историја SpaceX успеа да ги спушти на Земјата сите три ракети. Кога Falcon Heavy ракетите за првпат полетаа во февруари минатата година, само две од нив се вратија на Земјата целосни и неоштетени.
The Falcons have landed pic.twitter.com/BGQRNuYMVH
— Elon Musk (@elonmusk) April 11, 2019
Проблемот беше во тоа што едната од нив не можеше да ги активира сите три мотори поради тоа што немаше доволно гориво. Наместо да слета на водената платформа, ракетата се нурна во океанот со брзина од 480 километри на час.
Меѓутоа, сега SpaceX успеа да ги приземји сите три ракети чии унапредени и подобрени верзии се познати под името Block 5. Оваа верзија на вселенските летала е направена за повторно користење, што ја олеснува мисијата на SpaceX бидејќи компанијата може да ги приземји и потоа да ги испрати во нови мисии.
Falcon Heavy’s side boosters land on Landing Zones 1 and 2 pic.twitter.com/nJCCaVHOeo
— SpaceX (@SpaceX) April 12, 2019
Првиот обид за приземјување на ракета од типот Falcon Heavy се случи во 2015 година, кога ракетата експлодираше на платформата за слетување. Потоа SpaceX имаше уште неколку обиди, пред конечно да успее да приземји најпрво една, а потоа и три ракети одеднаш.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли