Според наводите на Ерик Фенг, основач на Hulu, корисниците во денешно време воглавно преземаат апликации, кои се стари околу пет години.
Топ 30 апликации на Apple App Store, во просек се стари 1853 денови (или пет години) во споредба со 625 дена (помалку од две години) во текот на 2014. година. Ова значи дека корисниците се одлучуваат да преземат апликации кои се потврдени и познати во однос на поновите апликации. Секако, тука спаѓаат Facebook, Instagram, Google Maps, Spotify и сличните популарни сервиси.
Кога е Android во прашање, ситуацијата е иста. Топ 30 апликации на Google Play Store во просек се стари четири години во текот на 2019. година, додека во 2014. беа стари во просек 18 месеци.
Овој тренд не е видлив во секцијата игри. Дури 85 проценти од најпродаваните игри се стари помалку од две години.