Обединетите Арапски Емирати го забранија Skype, соопшти компанијата во сопственост на „Мајкрософт“.
„Нашите услуги се блокирани од страна на интернет-провајдерите во Обединетите Арапски Емирати, а тоа значи дека нема да можете да користите Skype во оваа земја“, соопшти Skype на својата интернет-страница.
Компанијата во соопштението додаде дека работи на повторно воспоставување на Skype.
„Многу е фрустрирачки што Skype е забранет во ОАЕ. Како ќе ги правиме интервјуата и состаноците? Тоа е во спротивност со целите на глобалната визија“, пишува колумнистот Султан ал-Кашеми од Советот на блискоисточни студии.
Поврзани артикли