Во словенечкиот град Кочевје денеска, по две години изградба, отворена е фабрика на јапонската компанија „Јаскава“, најголемиот светски произведувач на индустрики роботи.

Хуберт Кослер, кој е директор на новооснованото претпријатие „Јаскава Јуроп роботикс“, со седиште во Кочевје, изјави дека новата фабрика ќе ги дополни производствените капацитети на „Јаскава“ во Јапонија и Кина, а ќе придвижи 80 проценти од европската побарувачка на нејзините индустриски роботи од типот – Ротоман.

Јаскава планира до 2023 година во Словенија да вработи околу 200 лица, а годишно да произведува 10 000 роботи.

Инвестицијата е во вредност од околу 25 милиони евра, од кои 5,6 милиони осигура Словенија, по пат на државни субвенции. Станува збор за досега најголемата јапонска инвестиција во Словенија.