Напредокот на роботиката со цел да се олесни и подобри животот на 21. век беше исклучителен во последните 10 години, но концептот на разгоовр и комуникација посебно ги вознемири научниците.
„Вештачката интелигенција никогаш нема да ги разбира шегите како луѓето. Тие немаат потреба за хумор и целосно ја промашуваат поентата -контексот“, рекол тој и додал:
„Учењето на вештачката интелигенција на хумор би можело да биде опасно, бидејќи може да го препознае хуморот таму каде што го нема, и обратно, да го употребат таму каде што не е соодветно. Би можеле дури да почнат да ги убиваат луѓето, користејќи го тоа како нешто смешно.“
Сепак, д-р Тристан Милер, компјутерскиот научник и лингвист на Технолошкиот факултет во Германија има попозитивен став.
„Границите на вештачката интелигенција се речиси неограничени, со оглед на тоа дека технологијата би можела да биде толку напредна што роботите можат да научат да го препознаат сарказмот, па дури и различни јазици“, рекол тој.
Меѓутоа, тој признава дека науката е уште далеку од тоа и дека роботите го немаат „вистинското познавање за реалниот свет“, за да можат да комуницираат и користат шеги.
„Креативниот јазик, а особено хуморот е една од најтешките работи за прифаќање и разбирање на вештачката интелигенција“, рекол тој.
Извор: B92.net