HP на купувачите во САД и Европа следниот месец ќе им понуди нови конвертибилни лаптопи кои содржат 15,6-инчни AMOLED екрани. Според пишувањето на интернет страницата AnandTech, овие преносници на европскиот пазар ќе бидат достапни од 19. април.
HP Spectre x360 15 моделот беше најавен уште наа почетокот на годината на саемот CES и ќе содржи Intel Core “Whiskey Lake” процесор. Покрај него, HP би требало да претстави уште еден модел со AMOLED дисплеј, а тоа е Envy x360 15, кој во класификацијата на лаптопи на HP се наоѓа под споментаиот претставник од Spectre серијата преносни компјутери.
За овие лаптопи нема премногу информации и акцентот засега е ставен на откривање на информации за самиот AMOLED екран, кој ќе поддржува HDR, ќе нуди подобри агли на гледаање и подобра видливост при идеални услови на осветлување.