Дури и пред нејзиното лансирање, ŠKODA SCALA веќе ја доби својата прва награда. Жири составено од околу 40 меѓународни експерти го награди новиот компактен модел со престижната награда „Red Dot 2019“ во категоријата дизајн на производи. Ова е 13-ти пат чешкиот бренд да е почестен со оваа посакувана награда. SCALA е првиот сериски модел кој го прикажува новиот дизајнерски јазик на ŠKODA, наменет да го дефинира изгледот на идните модели од брендот.
Со своите нови скулпторски форми, динамични линии и прецизно дизајнирани детали, SCALA е првиот сериски модел на ŠKODA, кој го прикажува новиот емотивен јазик на надворешниот и внатрешниот дизајн на брендот. Неговите совршени пропорции, јасно дефинирани површини, динамични линии и напредна аеродинамиката го прават овој нов компактен модел модерен и спортски. Уникатните карактеристики кои се впечатливи, како предницата со решетката, динамичната покривна линија и спортскиот дифузер кој го нагласува широкиот заден дел, што претставува заштитен знак на новиот дизајн на ŠKODA. Покрај тоа, SCALA е првиот сериски модел на европскиот пазар кој ја носи ознаката ŠKODA со индивидуални букви на вратата од багажникот, заменувајќи го традиционалното лого. Опционалниот продолжен заден прозорец го истакнува тој знак на самата стаклена површина.
Наградата „Red Dot“ е меѓу најпрестижните признанија за дизајн во светот. Составено од експерти од целиот свет, жирито ги соединува независните дизајнери, академици и индустриски новинари. Оваа година, тие судеа околу 5.500 апликации врз основа на критериуми како што се степенот на иновативност, квалитетот на дизајнот, функционалноста, долговечноста и влијанието врз животната средина. 2019 година ја одбележува 64-тата година од кога наградата „Red Dot“ е претставена како глобален белег на извонреден дизајн на производи.
Новата SCALA е 13-тиот модел ŠKODA кој ја доби наградата „Red Dot“. Во 2006 година, ŠKODA OCTAVIA COMBI беше првиот модел кој беше почестен со оваа посакувана награда.
Еве еден преглед на сите наградени ŠKODA модели:
- 2019 ŠKODA SCALA
- 2018 ŠKODA KAROQ
- 2017 ŠKODA KODIAQ и ŠKODA OCTAVIA III COMBI
- 2016 ŠKODA SUPERB III
- 2015 ŠKODA FABIA III
- 2014 ŠKODA RAPID SPACEBACK
- 2013 ŠKODA RAPID
- 2010 ŠKODA SUPERB II и ŠKODA YETI
- 2008 ŠKODA FABIA II
- 2007 ŠKODA ROOMSTER
- 2006 ŠKODA OCTAVIA II COMBI
Поврзани артикли