Компанијата Facebook соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и Русија, за кои навела дека забележала координирано неавтентично однесување.
„Ројтерс“ пренесе дека компанијата објавила оти вкупно 2.632 страници, групи и профили биле отстранети од Facebook и Instagram поради операции поврзани со споменатите земји.
Се наведува дека 513 од профилите биле поврзани со Иран, а 1907 со Русија.