Според наводите на сајтот WABetaInfo, WhatsApp сервисот (кој е во сопственост на Facebook) тестира нова функција, која ќе му овозможи на корисникот да види колку пати е проследена неговата порака.
Бета надградбата на верзијата 2.19.80 ја вклучува новата функција, овозможувајќи им на корисниците да видат колку пати била проследена пораката што ја добиле. За да се добие оваа информација, корисникот мора да ја проследи добиената порака, да ја отвори Message info секцијата и тука ќе се видат податоците. Пораката која е проследена пет или шест пати ќе добие облачќе со порака “Frequently Forwarded”.
Доколку се инсталира бета верзијата на WhatsApp апликацијата на Android или iOS телефон (преку TestFlight), корисниците ќе можат да видат колку пати е проследена одредена примена и испратена порака.
WhatsApp ја додава оваа функција за да им помогне на корисниците да видат дали некоја порака е спам. Некои пораки, кои ќе се проследат повеќе пати, можат да бидат спам или лажни вести.