Со метод на т.н. хромозомско сликање, делови од различни видови на хромозоми се споредувани едни со други и се пронаоѓани слични карактеристики и совпаѓања. Со сложена анализа научниците дошле до факти дека некои гени во различни видови животни ја менувале својата активност со време на еволуција, и оваа промена довела до физиолошки промени.
Кај преживарите, на пример, за десетици милиони години е формиран комплексен систем на варење. Во споредба со предаторите кои брзо ја голтале храната, преживари треба да го џвакаат залакот долго време.
„Може да се каже дека кравата еволуирала во голема мера во споредба со цицачите кои се уште јадат протеинска храна“, вели Графодацки.
Најинтересно е тоа што кравите се уште потекнуваат од овие цицачи, вклучувајќи ги и предаторите. Значи, предокот на денешните наши крави, сѐ уште живее на планетата, и станува збор за популарниот јавански елен, мало животно кое е едно од најстарите преживари во светот и живее во џунглите на Малезија.
Истражувајќи хромозоми од истиот генетски состав, научниците исто така откриле дека нилскиот коњ е роднина на китот. Китот бил многу сличен на хипопотамусот и некогаш се движел со помош на четири нозе и имал заби, за потоа да еволуира и одеднаш да одлучи да плива.