Откако Microsoft неодамна објави дека го ослободува изворниот код на Windows Calculator, веќе добивме први позитивни резултати од оваа одлука. Како прва нова функција која ќе биде додадена во калкулаторот е графичкиот мод. Овој режим ќе им овозможи на корисниците креирање графикони врз основа на математички равенки, на сличен начин како што тоа може да се направи во Matlab.
Оваа функција ја предложи инженерот на Microsoft, Дејв Грочоки, кој работи на развојот на Windows Calculator. Во својот предлог што го постави на GitHub, тој наведе дека графичкиот мод ќе им помогне на учениците полесно да ја совладаат алгебрата. Со додавање на графичкиот мод, се надева дека оваа област од математиката ќе им стане појасна на учениците ширум светот. Наместо за исцртување на графиконите тие да користат некои од комерцијално математичките алатки, со Windows Calculator тоа ќе им биде достапно целосно бесплатно.
Иако Грочоки формално е наведен како лице кое стои зад ова барање, тој само ги артикулирапе барањата на големиот број корисници на Windows Calcilator, кои на Feedback Hub-от на Microsoft најчесто ја барале оваа функционалност во Calculator.
Поврзани артикли