Британската компанија која се занимава со иновации – OneWeb обезбеди 1,25 милијарди долари за да го забрза воспоставувањето на глобалната мрежа за супербрз широкопојасен пристап до интернет со помош на сателити.
Од OneWeb порачуваат дека тоа значи дека стартувањето на мрежата во 2012. година е “неизбежно”. Оваа компанија во февруари успешно ги лансираше првите сателити кои се во состојба тоа да го овозможат, наведува BBC.
По најновиот круг на собирање пари, OneWeb располага со вкупно 3,4 милијарди долари капитал, до кој стигнале благодарение на вложувачите како што се јапонскките технолошки џинови Softbank, Virgin Group, Coca-Cola и Qualcomm.
Во OneWeb наведуваат дека благодарение на тој капитал, до крајот на годината ќе почнат месечно да лансираат по 30 сателити, кои кога сите ќе бидат лансирани, ќе бидат распоредени да овозможуваат пристап на интернет во целиот свет.
За тоа да им појде од рака, во ниската орбита околу Земјата, односно на височина до 2000 километри од површината на Земјата, ќе мораат да лансираат вкупно 650 саателити – иако нивниот конечен број би можел да достигне и до 2000.
Тоа ќе биде најголема програма на лансирање сателити во историјата, тврдат во OneWeb, кој им конкурира на компаниите како што е SpaceX, кој има слични планови.
Овие компании сакаат да донесат интернет во оние делови од светот кои моментно немаат широкојасен пристап до мрежата или во кои пристапот е неизедначен.
Американскиот телекомуникациски претприемач Грег Вајлер, минатиот месец за BBC изјави дека целта му е да им помогне на луѓето во земјите во развој.
“Ако ги погледнете економиите во развој во кои нема пристап на интернет или е многу ограничен, воглавно ќе видите сиромаштија”, истакна Вајлер.