Линијата телефони од Samsung Galaxy A серијата следниот месец ќе биде освежена со нови модели, а јужнокорејската компанија сега го објави официјалниот датум на својата наредна презентација. Galaxy A90 и уште два модела ќе бидат претставени на 10. април.
Во својата официјална објава, Samsung сугерира на можноста на појава на првите вистински смартфони целосно прекриени со екран од предната страна, а тизерот покажува три силуети со дисплеи без рамки.
Enter the era of live. April 10, 2019 – Live on https://t.co/kDIR3TcbZ5 #SamsungEvent pic.twitter.com/EqN8wF04Wd
— Samsung Mobile (@SamsungMobile) March 18, 2019
Samsung Galaxy A90 ќе биде предводник на A-серијата телефони, а се очекува дека другите два модела би можеле да бидат Galaxy A20 и Galaxy A40. Претходно протечените информации споменуваа pop-up ротирачка камера за Galaxy A90 и процесор од премиум сегмент.
Настанот на Samsung ќе биде одржам во Бангкок, Милан и Сао Паоло.
Поврзани артикли