Заедно со многу други потенцијални штетни работи од смартфоните за кои истражувачите продолжуваат да се расправаат, прекумерната употреба на овие уреди може да доведе и до пораст на килограмите. Ако се прашувате каква е врската меѓу смартфоните и нашата дебелина, еве го одговорот на експертите.
Факт е дека паметните телефони го одвлекуваат вниманието на човекот и го поврзуваат со она што се случува на екранот. Типично, информациите што се конзумираат на екранот не се важни – без разлика дали станува збор за вести, социјални мрежи или гледање фотографии и видеа. Многу луѓе го користат паметниот телефон додека јадат, и во тоа лежи проблемот.
Една студија покажува дека луѓето кои додека јадат го користат својот паметен телефон консумираат многу повеќе калории од другите. Во просек, разликата е до 535 калории, што е приближно колку и еден оброк во ресторан за брза храна.
Ако земеме во предвид фактот дека на просечен човек му требаат околу 2500 килокалории дневно, таков “бонус” лесно може да доведе до вишок на килограми. Патем, ваквите истражувања, исто така, се однесуваат и за луѓето кои јадат додека гледаат телевизија, или се пред компјутер или таблет.