Денес живееме во ера на смартфони, а практично сите нови телефони имаат екрани кои се простираат по целата предна страна, додека го опкружуваат тенки рамки. Иновациите постојано пристигнуваат, а наводно, на пат е решение на Samsung со селфи камера под екранот.
Паметните телефони секогаш имаат простор за напредок, а истото важи и за нивните екрани. Примери за тоа се OLED екранот на iPhone XS или пак Dynamic AMOLED на Samsung Galaxy S10, кои се далеку од совршени и имаат „notch“ или мало дупче во екранот.
Крајната цел на сите производители е да направат екран без никакви изрези, дупчиња или било какви подвижни делови кои ја сокриваат селфи камерата. Samsung би можела да биде првата компанија на која тоа ѝ успеало. Како што е случајот со сензорот за отпечатоци од прст, Samsung работи на интегрирана селфи камера под екранот која ќе работи на истиот принцип.
Потпретседателот за истражување и развој на Samsung, Јанг Бјунг-дук рече дека новиот Infinity-O Dynamic AMOLED екран претставува големо достигнување во сферата на смартфоните, но дека компанијата работи на екран кој се протега низ целата површина на предниот дел од телефонот, под кој ќе биде сместена вградена селфи камера.
Сепак, тој напоменува дека не треба да очекуваме таков екран во следната серија на телефони од серијата Galaxy, но можеме да се надеваме дека тој ќе се појави некаде во следните две или три години.
Извор: Klix.ba