Медицината напредува со вртоглава брзина, но голем дел од научниците предупредуваат дека не смееме да бараме решение за проблеми кои не постојат. Тие побараа мораториум на генетскиот инжинеринг со кој се „произведуваат дизајнирани бебиња“.
Кинескиот експерт Хе Џианку изјави дека неговите близначки се генетски модификувани за да бидат отпорни на ХИВ вирусот и дека не се работи за „дизајнирани бебиња“ со посебна боја на очи или коефициент на интелигенција, но неговата изјава наиде на осуда во светот.
Научниците и етичарите сакаат мораториум на манипулирање со човечковите јајце-клетки, спермата или ембрионите бидејќи тоа „би можело да има трајни последици кон човечкиот род“. Глобалниот мораториум би бил на сила сѐ додека земјите не изработат меѓународен правилник со начела кои ќе одредат на кој начин може да се користи технологијата во генетското модифицирање. Истовремено, не бараат ограничување на степенот до кој би се користела генетската мутација во случаите каде не се работи за раѓање деца.
„Воведувањето на генетска модификација би можело да предизвика трајни последици кај човечкиот род и може да се загубат човечките карактеристики, што ќе се покаже како многу штетно за животот на Земјата. ‘Реинжинерингот’ на човечкиот род мора да се ограничи“, пишуваат научниците во нивната официјална објава во магазинот Nature.
Од друга страна, постојат научници кои веруваат дека дури и строгата забрана на генетската модификација би била залудна бидејќи нема да ги спречи научниците како Хе Џианку, кои го практикуваат тоа „на црно“.
„Она што го направи Џианку не беше дозволено со закон. Беше регулирано – а тој сепак призна и се извлече со делото. Забраната веќе постои, но колкумина ја почитуваат?“, вели Хелен О’нил, директорка на програмата за репродуктивна наука и женско здравје на лондонскиот универзитет.
Извор: B92.net
Поврзани артикли