Бот наречен Тоби генерираше речиси 40.000 новински написи за резултатите од швајцарските избори во ноември 2018 година за медиумскиот гигант Тамедија за само пет минути.
Видови вештачка интелигенција, како што се ботови (софтверски роботи), се достапни скоро десет години и се повеќе се користат во новинските куќи за пишување статии, персонализирана испорака на вести и во некои случаи за пребарување податоци за да се најдат важни вести.
Тоби на француски и германски јазик ги напиша резултатите од гласањето за секоја од 2222 швајцарски општини за најголемата медиумска група во земјата, според извештајот објавен на компјутерска и новинарска конференција во Мајами.
Слична автоматска компјутерска програма наречена Хелиограф, му овозможи на Вашингтон пост да покрие речиси 500 изборни трки од 2014 година, заедно со локалните спортски и бизнис вести.
– Сведоци сме дека потенцијалот на вештачката интелигенција или робо-новинарството се повеќе се прифаќа во редакциите низ светот, вели Дамјан Редклиф, професор на Универзитетот во Орегон, кој ги следи потрошувачките трендови и бизнис моделите во
новинарството.
-Тие системи можат да понудат брзина и точност и потенцијално да бидат поддршка за помали редакции и новинари притиснати со рокови.
Новинските куќи велат дека ботовите не се наменети да ги заменат новинарите или уредниците, туку да ги ослободат од најдосадните задачи, како што се препишување спортски резултати или извештаи на берзата.
Норвешката новинска агенција НТБ ги автоматизирала спортски извештаи за да ги достави резултатите од игрите на корисниците во рок од 30 секунди.
Лос Анџелес тајмс разви „quakebot” кој брзо ги дистрибуира вестите за ерозијата на почвата во регионот, а исто така користи и автоматски систем во црната хроника.
Асошиејтед прес има автоматски тримесечни извештаи за приходи за речиси 3.000 компании котирани на берзата, а оваа година ги објави плановите со Автомејтед инсајтс да објавува компјутерски генерирани најави за кошаркарски натпревари во колеџите.
Ројтерс минатата година го објави лансирањето на Lynx Insight, што користи автоматска анализа на податоци за да ги идентификува трендовите и аномалиите, и сугерира каква сторија треба да пишуваат новинарите.
Поврзани артикли