NASA: Жените први ќе стапнат на Марс

Шансите првата личност која ќе стапне на Марс да биде жена се сосема извесни, изјавил директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстин.

Тој не посочил конкретна личност, но рекол дека жените се во прв план на идните потфати на агенцијата.

Брајденстин во една радио емисија на прашањето на еден корисник на Твитер, “дали жените ќе бидат вклучени во следното патување во вселената”, одговорил – “Апсолутно”.

Тој додал дека следната личност на Месечината, исто така, веројатно ќе биде жена, пренесува “CNN”.

Кон крајот на месецот, најавила НАСА, прв пат во вселената ќе прошетаат само жени, кога астронаутките Ен Мекејн и Кристина Кох ќе изведат седумчасовна експедиција.

Првите жени се приклучиле кон тимот на астронаути на НАСА во 1978-ма година. Денес сочинуваат 34 проценти од активните астронаути.