NASA ја претвори сликата од вселената во музика (ВИДЕО)

Научниците на НАСА употребија фотографии снимени од телескопот Hubble Space Telescope со Wide Field Camera 3 за да ја состават „Мелодијата на Универзумот“.

Тие велат дека на секоја ѕвезда и галаксија им дале сопствен карактеристичен звук врз основа на нивниот тип.

„Објектите во долниот дел на фотографијата произведуваат пониски тонови, а тие поблиску до горниот дел произедуваат повисоки ноти. Повеќето од видливите точки се галаксии во кои има безброј ѕвезди. Неколку индивидуални ѕвезди сјаат силно во преден план. Ѕвездите и компактните галаксии создаваат кратки, јасни тонови, додека пространите спирални галаксии емитуваат подолги ноти што го менуваат интензитетот“, објаснува НАСА.