Иницијативата е дело на медиумските гиганти Disney, Comcast, NBC, Universal, CBS и многу други, а нивна цел е вашите податоци да им ги продадат на огласувачите, кои потоа ќе ви испраќаат персонализирани реклами.
Сите знаеме дека социјалните мрежи се преплавени со реклами, но ретко кој очекуваше дека тие реклами еден ден ќе се прошират и на нашите телевизори. Неколку моќни компании, вклучувајќи ги Disney и Discovery, најавија заедничка иницијатива со ТВ компанијата Vizio, во чии што рамки планираат да развијат нов стандард кој ќе ги персонализира рекламите на дигиталната телевизија.
Споменатите компании меѓусебно се нарекуваат „конзорциум“, а проектот е наречен “Project OAR”, односно “Open Addressable Ready”. Стандардот би требало да овозможи емитување на персонализирани реклами, што значи дека големите компании најпрвин ќе прибираат податоци за секој корисник, а потоа ќе започнат и да прикажуваат такви реклами, слично како кај социјалните мрежи.
Треба да се нагласи дека Vizio веќе има „судско досие“ кое што го „заработи“ продавајќи кориснички податоци на огласувачите, без знаење на сопствениците на уредите. Сега, единствена работа на која што можеме да се надеваме е дека Vizio после ова, веќе научи како да се однесува со приватните податоци при развојот на споменатиот стандард.
Според извештајот на Adweek, конзорциумот планира да го претстави прототипот пред крајот на пролетта, што значи дека стандардот би можел сериски да се интегрира во уредите кон крајот на оваа, или почетокот на идната година.
Извор: Tportal.hr