Наскоро цела населба отпечатена со 3D технологија

Во текот на минатата година инженери и научници во САД направиле и тестирале масивна машина наречена „Вулкан II“ која може да печати 3Д-рамки за мали куќи за помалку од еден ден.

Оваа година, пак, ќе почне изградбата на цела населба со повеќе од 50 такви домови.

Новиот кварт, кој ќе биде прв од тој тип во светот, ќе биде изграден во полурурален дел на Латинска Америка за фамилии што заработуваат помалку од 200 долари месечно.

– Ние носиме многу футуристичка технологија кај фамилиите на кои тоа им е најпотребно – истакна Брет Хејглер, основач на „Њу стори“, непрофитна организација која соработува со „Ајкон“, компанијата што ја развила машината.

„Њу стори“ е стартап основан во 2014 година и работи на проблемот како брзо да се згрижат оние што живеат во екстремна сиромаштија.

По земјотресот на Хаитите во 2010 година оваа организација развила нов процес за брзо градење. Меѓутоа, сфатила дека темпото на традиционалната градба секогаш ќе ја попречува способноста да одговори на глобалните потреби за подобар станбен простор. По анализирањето на различни опции за забрзано градење и намалување на трошоците, тимот сфатил дека 3Д-печатењето би можело да биде одржливо решение.

„Вулкан II“ гради ѕидови и подови прскајќи слоеви на бетон и може да изгради куќа за еден ден или помалку. Додавањето на конвенционалниот покрив, прозорците и останатите делови може да се заврши еден ден подоцна.

Тоа би можело да биде иднината на брзото градење.

Извор: Bizlife.rs