Објавена е видео снимка од тестирањето на бродските станици за визуелно-оптичко попречување 5П-42 „Филин“ во фабриката „Росэлектроника“ во Ст. Петерсбург.
Рускиот ТВ канал „Звезда“ објави видео снимка од тестирањето на единственото руско оружје, кое неутрализира нишани, далечиномери, уреди за ноќно посматрање и системи за наведување на противтенковски ракети со домет 5 км.
На бродот се вклучува нешто што личи на исклучително моќен рефлектор, од чија светлина лесно може да се ослепи. Владимир Жарков, началник на Управата за научно-техничка логистика на проектите на компанијата која го произведува ово оружје, раскажа дека многу доброволци сведочеле дека пред очите им се појавува дамка, која има ефект сличен на халуцинација.
https://youtu.be/AeYiEIQZ3HA