Кина има за цел да создаде најмоќен систем за препознавање ликови на светот и планира тоа да го напарви преку проектот на Министерството за јавна безбедност од 2015 година, а кој се развива во соработка со компанија за безбедност, чие седиште се наоѓа во Шангај.
Кина веќе има поставено над 170 милиони најсовремени камери за надзор ширум земјата.
Целта на таа најмодерна мрежа е да го идентификува секој од своите 1,4 милијарди жители во рок од три секунди. Само во септември минатата година Кина инсталира повеќе од 20 милиони безбедносни камери ширум земјата.
Еден од примерите како во Кина овој масовен надзор,кој е опремен со најнапредна вештачка интелигенција и софтвер за препознавање ликови, му се спротивставува на криминалот се и високотешнолошките очила за сонце, кои полицијата во централниот дел на Кина ги користи, а кои се опремени со технологија за препознавање ликови со цел да се откријат осомничените за криминал на железничките станици.
Исто така, сообраќајната полиција во Женшен монтирала 40 камери за надзор, под името „робокап“, со цел да ги идентификува ликовите на непристојните возачи и да го регулира сообраќајот. Во истиот град на пешачките премини минувачите веднаш добиваат известување за паричната казна која им следува штом ги прекршат правилата, а истовременои фотографии и имиња на луѓето кои преминуваат улица на црвено светло се прикажуваат на големи ЛЕД екрани.
Кина воведе метод на препознавање ликови и во други јавни сфери – од надгледување на студентски домови до ограничување при користење тоалетна хартија во јавни тоалети, а противниците на таквиот систем сметаат дека Кина со овие методи целосно им ја укинува слободата на своите граѓани.
Поврзани артикли