Дело на провокативната дизајнерка Флора Миранда која со секоја креација во високата мода ги предизвикува застарените норми.
Фустан од телефони, со 10 прикачени Motorola смартфони, беше претставен на модната недела во Париз. Тој ја олицетворува “селфи ерата” во која живееме и е дело на провокативната дизајнерка Флора Миранда која со секоја креација во високата мода ги предизвикува застарените норми.
Моделот е наречен Digital Aura и претставува класичен волнен бизнис костум со силно нагласена женска силуета. Смартфоните се поставени на метална конструкција, така што изгледаат како цветови, но всушност снимаат од различен агол. Скриениот лајтмотив е во одразот и во тоа дека реалноста е всушност прашање на перспектива.
Конструкцијата за 10-те Motorola телефони е исто така уметничко дело само по себе, бидејќи е создадена од белгискиот скулптор Николас Бајенс. Држачите за “телефонските цветови” се селфи стикови кои од една страна обезбедуваат стабилност на телефоните а од друга страна ја пресоздаваат врската меѓу реалниот свет и дигиталното преку призмата на модата.
Австриската дизајнерка учествуваше на еден од најважните модни настани во годината со модернистичка колекција – инсталација, наречена Deep web. Главниот фокус на оваа колекција е во машинското самостојно учење. Преку нејзините модели, Флора Миранда го илустрира процесот на учење на компјутерот што претставува облеката и како се произведува. Таа го нарекува “машинско самостојно учење за модата”.
“Авангардниот пристап на Флора Миранда ги истражува идните можности за модниот свет. Таа создава совршено нова естетика со впечатливо визуелно влијание. Во средина во која доминираат “цитати”, таа ја објавува својата независна позиција”, коментираат модните критичари.
Поврзани артикли