Првиот, чисто електричен, спортски автомобил од „Порше“ – „Тајкан“, стекна големо внимание насекаде низ светот. Возилото нема да биде претставено на јавноста до септември и неговиот финален дизајн сè уште е непознат.
Но сепак, повеќе од 20 000 луѓе ширум светот имаат сериозен интерес да купат еден од нив, како што потврдија од компанијата на Меѓународниот саем на автомобили во Женева.
„Порше Тајкан“ ќе има деби во септември, а лансирањето на пазарот треба да се одржи пред крајот на годината. Возилото ќе може да забрзува од 0 до 100 километри на час за помалку од 3,5 секунди. Ќе има опсег од повеќе од 500 километри, што се мери во согласност со NEDC. Покрај тоа, ќе биде можно да се додаде досег од 100 километри за полнење од само 4 минути.
„Огромниот интерес за ‘тајкан’ ни покажува дека нашите клиенти и фанови се исто толку возбудени околу првиот електричен модел на ‘Порше’, како и ние – и затоа ги зголемивме производствените капацитети“, потврдува Девлел фон Платен, член на Извршниот одбор за продажба и маркетинг во „Порше АГ“.
Тој додава дека „тајкан“ ќе биде највозвишено и технички најнапредно возило во својот сегмент, односно вистинско „порше“.
(ПР текст)