По многубројните обвинувања дека видеата со деца можат да бидат злоупотребени, YouTube вети дека ќе ги забрани коментарите на речиси сите клипови на каналот каде што се прикажани малолетници.
Од компанијата велат дека во следните неколку месеци ќе продолжат со идентификација на видеа што се потенцијална мета на злоупотреба, со цел да се обезбеди подобра заштита на корисниците, пишува CNN.
Во последнава недела, YouTube, чијашто матична компанија е Alphabet, забрани коментирање на десетици милиони видеа. Коментари ќе бидат дозволени само на мала, контролирана група на креатори.