Qualcomm ја развива својата технологија за брзо полнење (Quick Charge) со години, но сега го разгледува и безжичниот сектор. За време на мобилниот конгрес, компанијата претстави верзија на Quick Charge наменета за брзо безжично полнење на мобилни уреди.
Безжичните полначи, кои ги задоволуваат стандардите на компанијата, ќе полнат побрзо, но исто така ќе бидат побезбедни. Ова значи дека нема да морате да се грижите за проблеми како прегревање и ниски перформанси. Компанијата вели дека безжичните адаптери за брзо полнење поминуваат преку безбедносни и компатибилни тестови.
Добрата работа е дека новата технологија е компатибилна со најчестиот Qi стандард за безжично полнење. Производителите на безжични полначи ќе можат да ги интегрираат и стандардите Qi и Quick Charge во нивните производи. Првата компанија со сличен уред е Xiaomi, а претпоставуваме наскоро и други производители ќе понудат слични модели.
Подлошките за безжично полнење ќе може да работат со постојните адаптери, кои ги поддржуваат стандардите Quick Charge 2.0, 3.0, 4 и 4+.