Новите системи со вештачка интелигенција, кои ќе можат да уништуваат мети со намалено учество на пилоти, во моментов се тестираат на руските напаѓачки хеликоптери „Ми-28Н“, тврди неименуван извор.
– Во моментот, се прават проби на системот со вештачка интелигенција, т.е. на новиот систем за набљудување т.н. оператор за електронско оружје. Самиот систем ги анализира целите на теренот, проценува дали тие се непријателски, а по изборот на соодветното оружје, сам дејствува, открива изворот.
Според него, пилотите треба само да изберат мета меѓу понудените, а системот прави сè друго.
Пилотите, исто така, ќе имаат можност во кој било момент да ја преземат контролата и сами да донесат одлука.
Поврзани артикли